На 77-годишна возраст почина организаторот на оригиналниот култен фестивал Вудсток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главниот организатор и иницијатор за создавање на оригиналниот фестивал Вудсток, Мајкл Ланг, почина на 77-годишна возраст.

Ланг боледувал од ретка форма на Не-Хочкинов лимфом, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот портпарол и долгогодишен пријател Мајкл Пањота.

Во тоа време, 24-годишниот Ланг бил главен оперативец на компанијата „Woodstock Venture“s и силно верувал во движењето на хипиците.

Охрабрен од таа верба, во 1968 година го организира „Miami Pop Festival“, на кој учествувале Џими Хендрикс и Френк Запа, а присуствувале 100.000 гледачи.

Сепак, најголемиот успех на Ланг ќе дојде една година подоцна, со организацијата на култниот фестивал Вудсток.

Вудсток веќе во претпродажба ги соборил сите рекорди со 186.000 тридневни билети наплатени по 18 долари.