Мислевте дека не може полошо? Се излажавте, Македонија забележа нов пад!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако сите помисливме дека допрено е дното и дека не може полошо, сепак македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад од три места на ФИФА ранг листата.

Македонија сега е на 165-то место, што е најлош пласман во нашата историја и има исто бодови (135) колку и Косово, репрезентација која има забележано само две победи во својата историја.

Кога станува збор за противниците во квалификациската група за пласман на Мундијалот во Русија, со Шпанија го задржа 10-то место, Италија е 15-та откако „скокна“ една позиција, додека Албанија и Израел назадувааза четири односно пет места, Албанија е 55-та, а Израел 60-ти.

На врвот и понатаму е Аргентина а меѓу најдобрите десет се и Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија