Home Спорт Металург поразен, Червар: Не понесоа емоциите!

Металург поразен, Червар: Не понесоа емоциите!

Металург загуби од Монпелје 24-30 во шестото коло од Ц групата во Лигата на шампионите, што е прв пораз за тимот на Червар пред домашна публика.

Металург, без неколку повредени играчи, успеа да му пружи добар отпор на фаворизираниот француски тим, кој сепак не беше доволен да се избегне поразот.

„Одигравме еден добар натпревар во кој во првиот дел ја контролиравме играта, ама докрај не издржавме. Очигледно е дека ни недостасува искуство за вакви дуели, плус на моменти ни падна и концентрацијата. Искрено не понесоа емоциите, а не разумот. Од ваков тип на натпревари можеме да извлечеме само поука“, истакна Лино Червар.

Блескаше кај Металург Обрадовиќ, особено во првото полувреме, кој постигна 10 гола, четири постигна Илиќ, а по три Кузмановски и Пешевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт

Напишете коментар

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…