Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Барак Обама зад себе остава два претседателски мандати, а Белата Куќа ќе треба да му ја отстапи на новоизбраниот претседател. Сепак, новата и во куќа нема да му недостига луксуз. Куќата, според изјавите, била во сопственост на Џо Локхарт, кој служел во Белата Куќа во времето на Бил Клинтон.
Барак, Мишел, Малиа и Саша на 20 јануари ќе се сместат на површина од 762 квадратни метри. Обама ќе остане со семејството во Вашингтон додека помалата ќерка Саша заврши средно училиште, до 2018 година и тој е со став дека преселбата за една средношколка би била многу тешка. Месечната кирија на семејството ќе изнесува 22.000 долари.
По напуштање на службата Обама ќе се посвети на организација која работи на подобрување на животот на обесправените црнци и латино-американци. Иако му е обезбедена доживотна пензија, на шега дофрлил и дека кога за неколку месеци ќе се најде на пазарот на трудот, ќе пристапи кон креирање на профил на професионалната мрежа LinkedIn.