Eclipse – пловечка тврдина од милијарда фунти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Супер јахтата „Eclipse“ која е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович е долга 166 метри има 24 кабини за гости, два базени и ноќен клуб.

Абрамович зад себе остави седум имоти во Британија, вклучително и две куќи во Лоундес, кои заедно вредат повеќе од 150 милиони фунти.

Сепак, неговата најраскошна и најекстравагантна резиденција е неговата суперјахта „Eclipse“. Абрамович потрошил 350 милиони британски фунти за изградба на овој брод, иако многумина велат дека таа бројка надминала милијарда поради сите додатоци за луксуз и безбедност.

Според медиумски сознанија во времето кога рускиот олигарх ги добил клучевите од својата јахта во 2010 година, таа била најголемата приватна јахта во светот и веројатно најекстравагантната играчка од тој вид. Заедно со сите надградби и трошоци за одржување, таа ја достигна цената од преку милијарда британски фунти.

Неговиот брод долг 166 метри има 24 кабини за гости, два базени и ноќен клуб, па дури и систем за противракетна одбрана…

Јахтата без посета на пристаниште за танкирање на гориво може да мине дури 6000 милји.

Јахтата Eclipse на Роман Абрамович има девет палуби, додека највисоката од нив содржи две хелиодроми и гаража. Хелиодромот сместен во предниот дел се отвора за да му овозможи на Eurocopter EC155 удобно да се смести во хангарот подолу.

Осмата палуба содржи базен и простор за сончање, со вградена скара и рерна за пица. Главниот салон има камин и масивна скулптура која потекнува од Индонезија. Има и базен кој се наоѓа на седмата палуба, чија длабочина може да се прилагоди, додека неговиот под се крева и спушта, за да може да се трансформира и во подиум за танцување.

Главниот апартман на Абрамович е блиндиран, а целата јахта „Eclipse“ има прозори отпорни на куршуми и ласери кои ги спречуваат папараците да направат какви било фотографии.

Долната палуба содржи апартмани и кабини, а јахтата може да биде домаќин на 32 патници и 100 членови на екипажот.

Секоја кабина има сопствен приватен кино екран, џакузи, спа и специјални безбедносни системи.

Сите прозорци на јахтата се отпорни на куршуми, додека самиот брод е заштитен со антибалистички ракетен одбранбен систем инсталиран од германски специјалисти АСТ. Јахтата Eclipse е опремена и со подморница за три лица, која може да се спушти до длабочина од 48 метри.

Сепак, суперјахтата на Абрамович, која моментално е закотвена во Хамбург, е многу скапа за одржување – се проценува дека трошоците за одржување достигнуваат бројка од 40 милиони британски фунти годишно.