ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Бујар Османи – тврдат дека го прекрашил законот за употреба на јазиците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради кршење на законот за употреба на јазиците во Македонија.

Според нив, срамен и понижувачки бил односот на шефот на дипломатијата кој на средбата со неговиот шпански колега, Хозе Мануел Албарез Буено, говорел само на албански јазик, иако официјален јазик во државава е македонскиот.

Портпаролката на партијата смета дека ваквиот потег на шефот на МНР е понижувачки кон сите граѓани на Македонија.

„Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот.“- Марија Митева ВМРО-ДПМНЕ

На ова се огласија и од Министерството за надворешни работи, од каде велат дека тие како институција секогаш го почитувале законот за употребна на јазиците и обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ се служеле со лаги и на гоелем верски празник како Втор ден Велигден.

„Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан Министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми“– МНР

Оттаму ја повикаа партијата на Христијан Мицкоски да ги поткрепат тврдењата со некаков доказ, запис или снимка – во спротивно, да се извинат за непотребното создавање конфузија во јавноста на етничка основа…

Осуда за ова дојде и од Левица.

Во период на агресивно негирање на македонскиот јазик од бугарска страна и особена сензитивност на јавноста по ова прашање, хирургот од Министерството за надворешни работи Бујар Османи, одлучи да не ги почитува Уставот и законите и при средбата со шпанскиот колега го погази македонскиот јазик.

Имено, иако Уставот предвидува дека единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик, Османи на официјалната средба користел единствено јазик на странска држава, односно албанскиот јазик.

Ова не е прв скандал што го прави Министерот со шпанските колеги. Минатата година при посетата на Шпанија тој лобирал за признавање на Косово од оваа држава, скандал за кој јавно се пофалија од шовинистичката ДУИ!

Постапката за исфрлање на македонскиот јазик во меѓународните односи го оценуваме за антидржавен чин од претставата што ја спремаат режисерите на „Софиската платформа”, каде главни интерпретатори се Владата на СДСМ и ДУИ, на чело со Османи.

Левица најстрого го осудува ова смислено сценарио за „газење” на македонскиот јазик!