Бијонсе и Џеј Зи го имаат најскапиот замок во Малибу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот музички и шоубизнис пар Бијонсе и Џеј Зи купија замок во Малибу за неверојатни 200 милиони долари.

Со ова купување парот го собори претходниот рекорд за цена на куќи во Калифорнија. Имено, ТМЗ пишува дека оваа куќа е најскапата досега продадена во Калифорнија. Пред неа најскапа била куќата на Марк Андресен, кој за својата палата во Калифорнија платил 177 милиони долари.

Вилата вредна 200 милиони е изградена од сиров бетон и има прекрасен поглед на океанот. Комплексот е во облик на L, а пространиот двор има и базен. Куќата, изградена со високи бетонски ѕидови со многу простор, е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој работи и на куќата на Канје Вест во Малибу.

Андо е добитник на Прицкеровата награда и е познат по своите уникатни бетонски конструкции во Азија, Европа и Северна Америка. Куќата е изградена во сопственост на Вилијам Бел, познат колекционер на уметнички дела. Имотот го купил за 14,5 милиони долари во 2003 година. Бетонската конструкција на куќата се градела речиси 15 години.

Иако цената е веќе вртоглаво висока, парот успеал да ја спушти. Куќата претходно била продавана за 295 милиони долари. Никогаш не се појавила на пазарот, туку била прикажувана на избрана група купувачи.

Откако Бијонсе и Џеј Зи се венчаа во 2008 година, парот инвестира во голем број различни имоти. Тие поседуваа и продаваа куќи во Њујорк, Њу Орлеанс, Хемптонс, Мајами и Лос Анџелес, пишува Architectural Digest.