„Малиов“ има 18 години и стана многу популарен на социјалните мрежи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


18-годишниот руски блогер Хасбула Магомедов стана вистински хит и атракција на социјалните платформи последниве денови.

Hasbulla или Mini Khabib, како што се нарекува, е активен на социјалните мрежи од минатата година, но во последните неколку недели стана хит благодарение на TikTok.

Неговата популарност во моментов е толку голема што јутјуберот Логан Пол му ја посвети борбата против Флојд Мејведер на Хасбула.

Хасбула е роден со генетско нарушување (иако не е официјално потврдено, се смета дека е џуџе) што го запрело неговиот раст на рана возраст. Иако има 18 години, тој тежи само 16 килограми и е висок околу 106 сантиметри. Потекнува од рускиот град Махачкала, од каде потекнува и борецот Хабиб Нурмагомедов.

Хасбула го добил прекарот Мини Хабиб поради видеото во кое тој го имитира познатиот борач и се здоби со популарност во ММА заедницата.

Таа објава стана толку популарна што странските медиуми сега пишуваат дека чеченскиот ММА-борец Аксаб Тамаев наводно организира борба помеѓу Хасбула и Абду, што предизвика загриженост кај руската атлетска асоцијација на лица со џуџест раст.

Лидерката на тоа здружение, Улијана Подпалнаја, намерата за организирање на ваква борба ја нарече „неетичка и погрешна“.