Home Актуелно Германија ја повика ЕУ да го укине правото на вето кое го имаат членките на Унијата

Германија ја повика ЕУ да го укине правото на вето кое го имаат членките на Унијата

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас апелираше до Европската Унија да го укине правото на вето кое го имаат членките на Унијата за ЕУ да не биде „заложник“ во своето дејствување.

„Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои со ветото ја парализираат европската надворешна политика. Оние кои тоа го прават си играат, помалку или повеќе долгорочно, со кохезијата на Европа“, изјави Мас во Берлин.

Правилата на ЕУ предвидуваат одредени одлуки, особено околу оданочувањето и надворешната политика, да бараат едногласна одлука на државите членки, а тие имаат можност да го искористат ветото за да блокираат или одложат некоја одлука.

Унгарија во последните месеци редовно го користеше своето право на вето за да блокира критични изјави на ЕУ за Кина.

Неодамна Унгарија одби да поддржи декларација за повик на прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт. И Полска ставаше вето на некои европски одлуки и ставови.

Мас се заложи наместо вето да биде вратен мнозинскиот принцип на гласање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…