Макрон и двајца „јутјубери“ во Елисејската палата – видео од над 5 милиони прегледи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот претседател Емануел Макрон во февруари даде ветување дека во Елисејската палата ќе ги угости двајцата француски јутјубери Мекфлај и Карлито, кои имаат 6,5 милиони следачи, доколку тие двајца успеат да соберат повеќе од девет милиони прегледи на видео снимка на која се промовира социјална дистанца за време на пандемијата со ковид-19, пренсе Ројтерс.

Мекфлај и Карлито го сториле ветеното и им било дозволено да снимат видео од 36 минути, кое за неколку часа добило 2,7 милиони прегледи.

Макрон и јутјуберите разменија приказни за време на шоуто, кое завршува со прошетка низ дворот на Елисејската палата, каде што францускиот бенд „Ултра Вомит“ свири хард рок верзија на француската приспивна песна „Зелен глушец“.

Рејтингот на Макрон се зголеми за осум поени за лица на возраст меѓу 18 и 24 години во претходниот месец.