Бајден сака на струја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секретарката за односи со јавност на Белата куќа, Џенифер Псаки, во изјава за новинарите откри дека претседателот Џозеф Бајден сака што поскоро електрични автомобили во својата превозна флота.

„Тоа е сигурно нешто за што претседателот зборуваше и една од неговите цели“, ракла Псаки.

Таа нагласила дека за размислува за електрификација на сегашната претседателска лимузина, која сега за погон користи мотор со внатрешно согорување.

Конструирањето на електричниот претседателски автомобил ќе биде голем предизвик. Оваа лимузина е најзаштитен патнички автомобил на светот, и поради тоа тежи повеќе од осум тони.

За да има доволна автономија, електричниот претседателски автомобил ќе треба во себе да има огромен пакет батерии, ако воопште се најде доволно простор за нивно вградување.

Инаку за производството на сегашната лимузина е задолжена компанијата Џенерал Моторс, односно Кадилак.

Бајден неколку пати изјавува дека во областа на електрични возила сака да ја победи Кина. Вознемирен е што 80 отсто од производните капацитети за батерии сега се наоѓаат во таа земја. Експанзијата на електричните автомобили е дел од неговата економско енергетска стратегија. Бајден сака да замени 645.000 владини возила со електрични.