Home Актуелно Македонија во 2020 година домаќин на Светско фудбалско првенство за непризнати држави

Македонија во 2020 година домаќин на Светско фудбалско првенство за непризнати држави

Со траење од 30 мај до 7 јуни 2020 година, Македонија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство за непризнаени држави и региони, објави Конфедерација на независни фудбалски асоцијации (CONIFA).

На ова планетарно фудбалско натпреварување учество земаат држави и региони кои официјално не се признати од Обединетите Нации, ФИФА и УЕФА.

Непризнати земји и региони кои учествуваат на овие првенства се Карпатија, Северен Кипар, Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар и другите членки на CONIFA Натпреварите на ова СП 2020 ќе се играат на арената „Тодор Проески“, која, како комерцијален објект, е изнајмена од CONIFA.

Ова првенство се игра на секои две години, а последен победник е репрезентацијата на Карпатија, област во Украина, која во финалето ја победи селекцијата на Северен Кипар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…