Македонија поразена од Чешка во второто коло од Европското ракометно првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските ракометари претрпеа пораз од чешката ракометна репрезентација со резултат 27:25 во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме Македонија имаше предност од два гола.

Мечот започна неизвесно, гол за гол, Чесите поведоа со 3:2, но Македонина брзо возврати, па во 10-та минута резултатот беше израмнет 5:5.

После неколку промашувања на двете страни, Македонија дојде до водство кое го одржуваше се до самиот крај на полувремето кога на одмор заминавме со два гола предност 11:9.

Лошо го отворивме второто полувреме, имавме проблеми во нападот, па Чешка ја анулираше предност после само три минути игра, а во 36-та минута веќе направија три гола разлика (12:15).

Потоа капитенот Лазаров ја врати репрезентацијата на само еден гол негатива со два брзи гола. Меѓутоа Чесите лесно наоѓаа простор во нападот и брзо погодуваа, а нашите ракометари немаа решение за расположениот Галија.

Чесите ја одржуваа предноста и во последните десет минути влегоа со четири гола предност. Потоа следеше период во кој Македонија направи серија од 4:0 и израмнување на 22:22.

Во последните пет минути се играше гол за гол, но ние не реализиравме два напади, а Чешка тоа го искористи за конечна победа од 27:25.

Кире Лазаров беше најефикасен на мечот со 11 гола, но играч на мечот беше чешкиот голман Мартин Галија со 14 одбрани.