Луда драма во Абу Даби: Верстапен во последниот круг од трката стана светски шампион во Формула 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последната трка во Формула 1 донесе неверојатна драма после која нов светски шампион стана Макс Верстапен.

Верстапен во последниот круг во Абу Даби го претекна Хамилтон и ја освои светската титула.

Тој трката ја започна од пол-позицијата, но Хамилтон одма на почетокот го презеде водството.

Во Ред Бул се жалеа, но судиите не го казнија Британецот со враќање на позицијата, по што Хамилтон почна да ја зголемува предноста во однос на ривалите.

Потоа Лафти се заби во оградата и на патеката влезе сигурносното возило, па почна вистинска драма. Верспатен во последниот круг успеа да го претекне (клик на хиперлинкот за видеото од последниот круг) Хамоилтон и да стигне до титулата.