Home Спорт Лекарот кој го врати во живот Кристијан Ериксен открива што прво му рекол фудбалерот кога отворил очи

Лекарот кој го врати во живот Кристијан Ериксен открива што прво му рекол фудбалерот кога отворил очи

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен на дуелот помеѓу неговата Данска и Финска, во рамки на Европското првенство, се сруши врз теренот во 43-та минута на натпреварот, а лекарите повеќе од 10 минути го оживуваа.

Срцето а Ериксен почнало да чука со помош на дефибрилатор, а лекарот Јенс Клајнфелд открил за „Фокс Спортс“ што му рекол Данецот кога го оживеал.

– Дојде при свест приближно триесет секунди откако го оживеавме. Ги отвори очите и почнав да разговарам со него. Тоа беше многу емотивен момент бидејќи во вакви ситуации шансите за да се поврати се многу мали. Го прашав: Дали си со нас? Тој ми одговори: Да. Да го ебам, па имам само 29 години – вели Клајнфелд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…