Home Спорт Легендарниот Икер Касиљас доживеа срцев удар

Легендарниот Икер Касиљас доживеа срцев удар

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, шпанската голманска легенда Икер Касиљас вчера утрото бил хоспитализиран во Ургентен центар во една приватна болница во Порто.

Лекарите по деталните прегледи утврдиле дека голманот на Порто 37 годишниот Касиљас доживеал срцев удар, поради што му била направена и катетеризација на срцето.

Според португалската агенција РТП , Касиљас по интервенцијата е во добра состојба се опоравува и не е во животна опасност.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, неодамна потпиша нов тригодишен договор со португалскиот гигант Порто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Филмот на Тајлер Пери „Doing Life“ веќе е достапен на Нетфликс

Филмот на Тајлер Пери „Doing Life“ официјално е достапен за стриминг! Новата драма пристиг…