Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Oд Хјустон ни пристигнува еден супер резултат на спринтер кој има само 18 години.
Младиот 18 годишен Метју Болинг истрча неверојатна трка на 100 метри. Овој Американец победи на митигот во Хјустон, Тексас за побрзо време од 10 секунди. Тој 100-те метри ги истрча за 9.98 секунди.
Меѓутоа неговото време нема да се смета како официјален резултат поради силниот ветер кој дуваше во неговиот грб. Тој носи прекар „Белата молња“ и спортската јавност во САД од него има големи очекувања во иднина.
Негова желба е настап за САД на Олимписките игри во Токио следната година.