„Крвавиот меч“: Елитните специјалци на саудискиот принц апсат сè пред себе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светот последниве денови го обиколи веста дека саудискиот принц Мохамед Бин Салман во заробеништво држи неколку десетици доста богати и моќни луѓе кои ги обвинува за корупција.

Уапсените, меѓу кои има и 11 принцови, наводно се сместени во хотелот Риц Карлтон во Ријад, а ги чува вооружена стража.

„Мечот ’рѓосан од крв“

Кога ќе видите како изгледаат и вежбаат овие елитни војници кои се дел од армијата „Крваво-’рѓосан меч“, ќе ви стане јасно зошто тие се страв и трепет во државата.

Бин Салман неодамна формираше специјална елитна единица од војници на кои им верува повеќе отколку на официјалните служби за безбедност. Името го добија по мечот на имамот Турки бин Абдулах Ал Сауд, основач на Саудиска Арабија за кој се верува дека така го нарекол своето оружје. Мечот се појавува и на знамето од Саудиска Арабија.

Принцот го чуваат „најдобрите од најдобрите“

Елитната специјална единица брои 5.000 врвно тренирани војници кои се подготвени во секој момент да го направт она што ќе им го нареди принцот.

Нивните жестоки тренинзи вклучуваат скокови со падобран, контрола на бунтови, вежби со снајпер, „командос“ пливање и ракување со експлозив, пренесува Ал Џезира.

Неистомислениците на принцот видоа дека црно им се пишува, па има сè помалку протести против него. Елитната единица без милост го задушува секој вид на бунт, па така апсењето на опортунистите таму е секојдневна појава.