Home Спорт Кошаркарот Пау Гасол е одличен и на пингпонгарската маса (снимка)

Кошаркарот Пау Гасол е одличен и на пингпонгарската маса (снимка)

Светската кошаркарска легенда, шпанскиот кошаркарски ас Пау Гасол одлично се „забавува“ во Олимпиското село во Токио.

41- годишниот Гасол, кој во Токио по петти пат учествува на Олимписките игри, на паузата меѓу два тренинга најде време да се проба и во друг спорт. По убедливиот триумф на неговата Шпанија против домашната Јапонија на игрите во Токио, славниот кошаркар одлучи да се забавува играјќи пинг-понг против сонародничката Галиа Дворак.

Високиот центар покажа дека одлично се снаоѓа и на пингпонгарската маса, но сепак немаше сила за победа против Дворак во нејзиниот спорт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

„Кетсај“ го одложија концертот во Детроит половина час пред почетокот: Меган се разболела

Групата „Кетсај“ го одложи настапот во Детроит само 30 минути пред почетокот, бидејќи Мега…