Конечно: Утре почнува новата сезона на Game of Thrones


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во недела на HBO почнува прикажувањто на седмата сезона од мега популарната серија Game of Thrones, која е работена според романите од Џорџ РР Мартин.

Седмото сезонско продолжение од оваа хит серија е со нетрпение очекувано од страна на милионската армија од фанови на оваа франшиза. Според сите проценки, „седумката“ ќе биде најтензична од сите досегашни сезони.

Во еден од неодамна објавените трејлери се навести дека гледачите конечно ќе имаат можност да го видат обединувањето на завојуваните семејства со цел борба против заедничкиот непријател.

НВО претходно објави дека сите епизоди од седмата сезона ќе имаат главно вообичаена должина на траење како и во претходните сезони, но дека последните две ќе траат колку по еден филм. Последните две се досега најдолги снимени епизоди, шестата ќе трае 71 минута, а последната, седма, дури 81 минута.