Кога се пари во прашање – секогаш има проблем: Мбапе нема да се слика за француската репрезентација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред натпреварите од Лигата на Нации денес француската репрезентација има закажано фотосесија со 14 спонзори и тие фотографии ќе се користат за промоција на репрезентацијата пред Светското првенство во Катар.

Меѓутоа на оваа фотосесија на Французите нема да се појави една од најголемите ѕвезди на овој состав, Килијан Мбапе. Проблемот настанал помеѓу Фудбалската федерација на Франција и еден од спонзорите на Мбапе. Во ФФФ одбиле да се менуваат имиџ правата само за Мбапе и еден од неговите спонзори.

Веќе од ФФФ потврдија дека фотосесијата дефинитивно поминува без Мбапе и изразија жалење што не успеале да пронајдат заеднички јазик.

Ова значи дека Мбапе ќе го нема на промотивните материјали за Франција во пресрет на Мундијалот во Катар.