Кинески семеен клан од 500 членови позираше за заедничка фотографија


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Повеќе од 500 членови од едно кинеско семејство позираа за заедничка фотогрфија. На фотографијата е семејството Рен, кое се собра на едно место во селото Шиши, во источната кинеска провинција Жеџианг.

Собирањето беше одржано минатата недела, за време на прославата на Нова Година, а тој празник обично се одбележува со собирање на семејствата на заеднички оброци.

Фотографијата ја направи фотографот Жанг Лиангжонг, користејќи дрон. Вели дека семејното стелбо Рен може да се следи 851 година наназад, но и дека истото не е надополнувано повеќе од осумдесет години.

Старешините на споменатото село неодамна почнаа да го надополнуваат семејното стебло, а успеаја да евидентираат најмалку 2.000 живи потомци кои се распределени во седум генерации.