Киану Ривс е ГОЛЕМ човек оти е обичен и „не глуми лудило“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баш оти е приземен, обичен, непретенциозен и антиелитист, славниот актер Киану Ривс го обожаваат и му се воодушевуваат сите. Тоа го докажа и кога му беше одложен авионскиот лет со кој требаше да патува.

Холивудската актерска ѕвезда Киану Ривс, како и сите други нормални луѓе, по одложувањето на летот си се качи во обичен автобус, каде наиде на воодушевување и радост од останатите патници.

Киану Ривс воопштио не беше нерасположен поради возењето со автобус. Тој во добро расположение и опуштен ги воодушеви патниците , од кои неколкумина и се фотографираа со него и веднаш ја пренесоа радоста од неочекуваната средба на социјалните мрежи.

Авионот со кој требалчо да патува Ривс од Сан Франциско кон Лос Анџелес поради проблеми морал да слета на аеродромот во градот Бејкерсфилд, каде патниците биле пречекани во автобус.

Додека патниците се качуваа во автобусот, 54-годишниот актер не можел да остане мирен, па почнал да се шегува и да им кажува интересни анегдоти за местото каде што слетале. Со своето однесување ги воодушевил патниците.

„Други познати ѕвезди сигурно би барале посебни услови , но се гледа дека Киану не е еден од нив. Од секогаш бил и остана различен од другите“, беше еден од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.