Дуелот на Заев и Мицковски „прочешлан“ низ проверка на фактите – еве што испадна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно свесни дека ќе им се проверува точноста на секоја изјава и податок, првите луѓе на двете најголеми политички партии кај нас, премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски, генерално не изнесоа многу спорни податоци во дуелот во ,,Само вистина”.

Првиот пропуст беше за именувањето на јазикот во ОН , кој претходно бил именуван како македонски – јазик на Фиром , а сега е само македонски јазик.

Освен тоа, амандманите за Законот за обвинителството , од Министерството за правда и од Собранието немало пристигнати 65 амандмани како што тврдеше Мицкоски во ,,Само вистина” .

Во извештајот на Советот на Европа е наведено дека во јуни Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за полноправно членство на ЕУ, наспроти тврдењето на Мицкоски.