Како сами дома да си направите заштитна маска за устата и носот (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради вонредната состојба која владее предизвикана од епидемијата на коронавирусот, во аптеките е потешко да се најдат медицински заштитни маски за лице, па затоа, доколку немате една таква или веќе не е употреблива, можете сами да си направите дома.

Потребни состојки:

-трослојна или друга квалитетна салветка
-гумени ластичиња
-изолир-трака, селотејп или лепак за хартија

Важно е да знаете дека маските мора да ви го покриваат носот и устата.

Додека ја правите маската рацете мора да ви бидат чисти, исто како и материјалите кои ќе ги користите. Маската се става на лице со чисти раце и не треба да се допира додека се носи. Еднаш штом ќе извадите маската, макар и само што ќе ја потурнете на брадата, вие може да ја контаминирате со вашите раце, а потоа да се доведете во опасност враќајќи ја назад.

Исто така, важно е да знаете дека заштитните маски се користат само еднаш во краток период. Еднаш кога ќе ја извадете маската веднаш фрлете ја во корпа за отпадоци, а рацете темелно измијте ги. Одбегнувајте да се допирате на лице.

Истото важи и доколку носите заштитни ракавици: Бидете внимателни што сè фаќате со нив, зошто вирусот исто така можете многу лесно да го раширите со нивна помош. Заштитните ракавици се исто така за краткотрајна (еднократна) употреба.