Home Шоубизнис Дејвид Хенри: Тоа што Лиам Хемсворт ја доби улогата во „Игрите на гладните“ беше најдоброто нешто за мене

Дејвид Хенри: Тоа што Лиам Хемсворт ја доби улогата во „Игрите на гладните“ беше најдоброто нешто за мене

Дејвид Хенри и Лиам Хемсворт

Дејвид Хенри проговори за големата улога во филмскиот серијал „Игрите на гладните“ што за малку не ја добил.

Триесет и седумгодишната ѕвезда на „Волшебниците од Вејверли Плејс: Ново поглавје“ била меѓу последните кандидати за ликот на Гејл Хоторн, но улогата на крајот му припаднала на Лиам Хемсворт.

Во неодамна објавено интервју, актерот се наврати на аудицијата и објасни зошто денес верува дека таквиот исход бил подобар за него.

Лиам Хемсворт, Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон на премиерата на вториот дел од „Игрите на гладните: Мокингџеј“

Гостувајќи во подкастот „Шоуто на Лајла Роуз“, Хенри доби прашање дали постои улога што многу ја посакувал, но не ја добил.

„Има една улога што навистина ја сакав, но тоа што не ја добив е најдоброто нешто на светот, бидејќи благодарение на тоа денес сум католик“, рече Дејвид. „Станува збор за ‘Игрите на гладните’.“

Тој објасни дека во последниот круг останале само тој и Лиам Хемсворт. Во тоа време веќе ја познавал Џенифер Лоренс, која требало да ја игра Кетнис.

„Ја познавав Џенифер подолго време. Со мојата поранешна девојка излегувавме заедно со неа и со нејзиното тогашно момче. Прекрасна е, многу е духовита и мила. Влегов во просторијата и реков: ‘О, Џен!’“, раскажа тој.

„Знаев дека ќе ја игра Кетнис, но не знаев дека ќе биде таму за пробното читање на кое се проверува хемијата меѓу актерите. Влегов, ја видов и, знаете, имавме одлична хемија. Се познававме. Аудицијата помина одлично, беше феноменална“, продолжи Хенри.

Потоа, како што раскажа, повторно влегол во просторијата и го видел Хемсворт.

„Влезе тој крупен, згоден тип, Лиам Хемсворт, речиси триесет сантиметри повисок од мене. Си реков: ‘Е, сега заглавив’.“

Хенри додаде дека тогаш штотуку излегол „Тор“, а на аудицијата се појавил братот на неговиот главен актер, „кој и самиот е навистина згоден“.

Според Дејвид, неговата аудиција поминала толку добро што се преговарало и за договорот: „Договор за три филма, милиони долари“.

„Навистина ја сакав улогата. Но ја доби Лиам и тоа беше одличен избор, бидејќи постои разлика во висината. Мислам дека јас премногу личам на Џош Хачерсон. Не мислам дека јас ќе бев добар избор. Затоа целосно разбирам зошто го направија тоа“, рече актерот.

„Кога ќе ги замислите трите лика, Кетнис и другите двајца, изборот на актерите беше одличен, сосема погоден. Добро е што го избраа него“, додаде тој.

Откако не ја добил улогата во „Игрите на гладните“, Хенри бил во конкуренција за друга улога, во филмот „Мало момче“.

Дејвид Хенри на претставувањето на програмата на Дизни во 2025 година

Тој период, како што објасни, се совпаднал со врвот на неговата егзистенцијална криза.

„Веќе постигнав многу успех. Заработив многу пари. Купив куќа, автомобил, сето тоа. Ги имав сите оние нешта за кои велат дека треба да ги имаш за да се чувствуваш успешен, да почувствуваш дека си постигнал нешто, особено како Италијанец“, рече тој.

Иако сето тоа го имал уште како тинејџер, Дејвид кажа дека чувствувал оти нешто не е во ред со него, бидејќи материјалните работи не му го носеле очекуваното исполнување. Во тој период, како што сподели, живеел само за задоволства.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Каја Гербер сподели мисла за тагата по загубата на брат ѝ Присли

По смртта на брат ѝ Присли Гербер, 25-годишната Каја на Инстаграм сподели фотографија од к…