Кривична пријава за бившата директорка на Клиниката за кожни болести, Цаца-Биљановска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МВР поднесе кривична пријава против бившата директорка на скопската Клиника за кожни болести Нина Цаца-Биљановска за непочитување на мерката за самоизолација. Таа по нејзиното враќање од Италија продолжила да оди на работа, доведувајќи во ризик стотици нејзини колеги и пациенти.

Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„На 29 февруари 2020 ексдиректорката влегла во земјата. Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“,

изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Директорката освен што одела на работа држела и предавање на симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.

Откако нејзините тестирања се покажаа позитивни на коронавирусот, кожното одделение беше затворено, а околу 200 лица завршија во домашна изолација.

Засега директорката е во стабилна состојба, а симптоми немаат ниту останатите со кои била во контакт, а се во изолација. Нивните четиринаесет дена за инкубација завршуваат в недела.