Шест нови случаи на заразени со коронавирус во Македонија – меѓу нив и 4-годишно девојче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изминатите 24 часа бројот на официјални регистрирани лица заразени со коронавирус во Македонија се зголеми за уште шест нови пациенти и достигна бројка од 48 заразени, изјави на пресконференција министерот за здравство Венко Филипче.

Четиригодишно девојче од Штип е најмладиот пациент заразен со коронавирусот досега евидентиран во Македонија, информира Филипче. Девојчето најверојатно се заразило во Велика Британија од каде семејството се вратило на 14 март. Сега ќе биде сместена на Клиниката за инфективни болести во Скопје заедно со нејзината мајка.

За првпат од почетокот на епидемијата, коронавирусот сега се дисперзира и пошироко низ земјата, а вкупниот број случаи достигна 48. Сите случаи досега беа концентрирани во Скопје и Дебар. Но освен Штип, еден случај, жена-повратник од Швајцарија, е регистриран и во Гостивар. Уште три случаи во последните 24 часа се евидентирани во Дебар, и еден нов во Скопје кој бил во директен контакт со заболените откриени во последниве неколку дена.

Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.

„Бројот на пациенти е во пораст, здравствениот систем засега е добро менаџиран. Исклучително е добро тоа што пациентите се откриваат во раната фаза, затоа што оние во доцна фаза го колабираа здравствениот систем во многу други земји“, оцени на вечерашната прес-конференција Филипче.

Според министерот, добро е што засега вкупниот број на заразени од вирусот е низок, што му овозможува на здравствениот систем да реагира навремено.

„Ова не е нешто што може само здравствениот систем да го изменаџира. Исклучително е важна улогата на граѓаните и нивната свест“, порача Филипче.

Филипче објасни дека на Инфективна клиника има 110 кревети, а исполнета е само 25 проценти. Вирусот ќе се шири и затоа се прави план, да се стави во функција градската болница „8 Септември“ за пациенти кои се сомнителни или заболени со коронавирус.

„Направивме план за ставање во функција на болницата „ 8 Септември“, на сомнителни или потврдени случаи на коронавирус. Направивме посета со посебна комисија и Комисијата за заразни болести, се утврди патот на пациентие, тријажите, посебна операциона сала, посебен ангиограф, ЕХО и целосно посебен оддел со 22 кревети и респираторни машини. Со ова ги обезбедуваме сите пациенти кои имаат вирус, а имаат потреба и од хируршка интервенција. Медицинскиот кадар помина кратка едукација на Инфективна клиника, како да постапуваат, како да земаат брисеви и како да интервенираат “, изјави Филипче.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се работи на инфраструктурата и пристапот до Инфективна клиника , како и до Ургентен центар, за да се олесни движењето и патот на болните.

Тој рече дека се работи и на посебни пунктови во рамки на Здравен дом кој ќе старува во почеток на следната недела за опфаќање на поголем број на население заради локалната трансмисија.

„Исклучително е важно дополнителното тестирање кое ќе се прошири на асимптоматичните луѓе кои се најризични, тие што биле во контакт со заболени, што доаѓаат од ризичните региони и тоа е исклучително важно во борбата со коронавирсот.“, рече министерот.

Во Дебар најави дека од утре се праќа уште еден пулмолог и еден педијатар бидејќи таму има заболени здравстени работници и треба помош.

Филипче рече дека бројот на пациентите со коронавирус е во пораст, здравениот систем засега е добро менаџиран, заразените се откриваат во рана фаза, и тоа е добро бидејќи искуството од други земји покажува дека во доцна фаза доаѓа до колабирање на здравстениот систем.

Тој најави дека и приватни фирми се понудиле за да изработуваат маски, а за медицинска опрема односно скафандери рече дека не се потребни за целиот медицински персонал, туку за тие што имаат директен контакт и ги лекуваат заболените. Уште еднаш потенцира дека исклучително е важна улогата на граѓаните кои треба да ги почитуваат и примнуваат мерките за заштита, за сите да придонесат оваа криза да се надмине.