Славни

Како реагираа Ема Стоун и Рајан Гослинг кога дознаа дека остануваат без Оскар

Да, во случај уште да не знаете, ноќеска, на доделувањето на Оскарите се случи една од најчудните и најсмешните работи било кога на сцената.

Екипата од мјузиклот La La Land веќе го славеше добивањето на Оскар за најдобар филм, кога им беше кажано дека Ворен Бити ги помешал ковертите и наместо на победникот Moonlight, наградата им ја даде нив.

Снимката од тој момент долго ќе се прегледува на YouTube, но она што привлече најмногу внимание се реакциите на главните актери од La La Land, Ема Стоун и Рајан Гослинг, кога дознаа дека нема ништо од Оскарот за нив.

Додека Ема не го криеше шокот, изразот на лицето од Рајан говори сè.

Advertisements
To Top