Home Спорт Како ќе ги потроши Барса парите од „пропаднатиот“ трансфер на Де Лихт?

Како ќе ги потроши Барса парите од „пропаднатиот“ трансфер на Де Лихт?

Во Барселона веќе имаат „план Б“ доколку не успеат да го комплетираат трансферот на Матијас де Лихт, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот клуб има договор со Ајакс за трансфер вреден 75 милиони евра, но последните информации се дека Де Лихт го избрал ПСЖ и ќе се пресели во Париз.

Поради тоа раководството на Барса веќе има план како да ја потроши сумата од 75 милиони евра. Весникот „АС“ тврди дека со тие пари Каталонците ќе купат стопер и лев бек.

Барса нема адекватна замена за Жорди Алба на левата бековска позиција и тоа ќе биде приоритет во летниот преоден рок. Клубот имаше намера да го донесе Филипе Луис од Атлетико како слободен аген без обештетување, но сега ќе има буџет да донесе поквалитетен лев бек.

https://twitter.com/BarcaTimes/status/1139141272449560579

Стратегијата околу наследникот на Луис Суарез исто така може да биде променета. Клубот е пред реализација на трансферот на Антоан Гризман, но доколку Малком и Кутињо бидат продадени, ќе биде донесен и квалитетен централен напаѓач, а примарна цел е Родриго од Валенсија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…