Јапонија ќе фрла по една доза од секоја пратка со вакцините од „Фајзер“ – причина за тоа е недостиг на специјални шприцеви


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секоја поединечна вијала од вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“ содржи количина за шест инјекции. Но, има една цака во тоа пакување – само специјални шприцови можат да ја извадат целосната количина на вакцината од вијалата. Со обичен шприц, пак, може да се извлечат само пет дози од вакцината. Тука, во Јапонија настанаа проблеми.

Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ поради недостиг на специјални шприцови, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобу Като.

Тој вели дека Токио во моментов преговара со неколку производители на вакви специјални шприцови и додава дека воопшто не е лесно да се купи точна количина, а воедно и нема толку многу во светот.

„Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли“, признава генералниот секретар на кабинетот.

Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од „Фајзер“ ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.

Вакцинацијата ќе почне утре.