Разрешена и суспендирана судијката Лидија Неделкова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со едногласна одлука, членовите на Судскиот совет на денешната седница ја разрешија од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова. Освен што е разрешена Неделкова е и суспендирана, односно не смее да оди на работа сè до правосилноста на одлуката.

-Констатиравме дека она што е утврдено во Извештајот на Комисијата составена од тројца членови на Судски совет е основано. Основано е дека тоа се факти кои се утврдени врз основа на изведени докази, и тоа на секој доказ поединечно, на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка, изјави претседателот, Киро Здравев по завршувањето на седницата.

Против оваа одлука судијката Неделкова има право на жалба до Советот при Врховниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, Здравев рече дека причините се „ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика“. Според неофицијални информации од Судскиот совет, една од причините за разрешувањето било и тоа што за време на референдумот кога итно требало да се одлучува по жа

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Судскиот совет во петокот ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.