Home Спорт Италијанскиот шампион Милан официјално има нови сопственици

Италијанскиот шампион Милан официјално има нови сопственици

Фудбалскиот гигант Милан од денес има нови сопственици, откако американскиот инвестициски фонд плати 1.3 милијарди евра за мнозинскиот пакет акции од „Елиот фонд“.

„Елиот“ сепак ќе задржи мал дел од акциите на „росонерите“ и ќе има свое место во управниот одбор на клубот.

„Навистина ни претставува огромна чест што стануваме дел од големата историја на Милан, возбудени сме од улогата во новото поглавје на клубот во враќањето на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Благодарен сум на Гордон Сингер и неговиот тим за одличната работа во претходните години и враќањето на Милан онаму каде што му е местото“, изјави Џери Кардинале, извршниот директор на „Ред Бирд“.

Комплетното преземање на клубот ќе биде комплетирано во септември, меѓутоа новите сопственици веќе започнуваат со работа и се насочуваат кон летниот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…