Инвазија на „руски освојувачи“: Норвешка си има сериозни маки со една риба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рибата „горбуша“, исто така наречена и „тихоокеански“ или „руски лосос“, се прошири со рекордна брзина во реките во Норвешка и почна да претставува закана за локалниот речен екосистем, објави норвешкиот јавен сервис NRK.

Како што истакнуваат експертите, оваа риба ги потиснува другите видови риба, бидејќи победува во борбата за храна и освојување животен простор.

„Овие руски освојувачи претставуваат закана за норвешкиот лосос. Веќе можеме да ги видиме последиците од таа инвазија. На многу реки на истокот на норвешкиот округ Финмарк е забранет риболовот поради тоа што има многу малку атлантски лосос“, нагласуваат тие.

Без оглед на позитивната оценка на потенцијалот на пастрмката во рибарската индустрија, владата ја стави на црната листа. Норвешките власти ќе потрошат повеќе од милион круни за да ја намалат нејзината популација. „Но, горбушата е тврд орев. Таа е исклучително плодна, нејзиното потомство е многу отпорно. Брзо расте и лесно се качува во најнемирните реки“, се наведува.

Неодамна се појави информација дека масовниот помор на „рускиот лосос“ во крајбрежјето на Норвешка доведе до тоа угинатите риби да ги загадат реките. Рибарите наведоа дека рибата се качува во правец на протокот на реката заради мрестење, по што умира, а илјадниците тела стигнуваат назад во морето, загадувајќи ја околината.

Извор: Русија Бијонд