Интер стравува, Ванда Нара тропна на врата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога Интер го продолжуваше договорот со Маури Икарди во него беше ставена клаузула по која капитенот може да замине од клубот за 110 милиони евра.

Се разбира, таквата клаузула беше ставена на инсистирање на неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара. Проблем за „нероаѕурите“ е што во моментов сумата од 110 милиони евра не изгледа превисоко и можат да ја платата неколку заинтересирани клубови.

Икарди се етаблираше во еден од најдорите напаѓачи во Европа, има само 24 години, па Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ без проблем можат да ја платат откупната клаузула.

„Нероаѕурите“ сакаат да му понудат нов договор во кој нема да има откупна клаузула, но тука на сцена стапува Ванда Нара. Имено, Икарди во моментов заработува 5,5 милиони евра со бонуси, а споменатите клубови се спремни да му дадат двојно повеќе.

Медиумите тврдат дека Ванда ќе бара 10 милиони евра по сезона за нејзиниот сопруг, а Интер е спремен да понуди 7,5 милиони евра по сезона.

Последниот збор секако ќе го има Ванда Нара, а дали Интер може да ги задоволи нејзините апетити, останува да видиме.