Инстаграм започна да ги прикажува посетите на профилот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Инстаграм воведува новина на профилите, која некои ќе ги развесели, но ќе има и такви на кои нема да им се допадне.

Отсега ќе може да видите колку луѓе го посетуваат вашиот профил неделно. Информацијата ќе се прикажува на врвот на вашиот профил, но засега ќе прикажува само колку луѓе го посетиле профилот, а не и кои.

Ова го забележал „твитерашот“ и експертот за технологија и друштвени мрежи Мат Навара. Новост е, изгледа, моментално е во развој и е достапно само на некои профили. Досега корисниците оваа опција ја имаја само за „Insta Story“, но сега ќе биде достапна и за останатите корисници.

Но дали оваа опција ќе ги прикажува во целост посетите на профилот, останува да нагаѓааме, до официјалното спроведување на тоа.