Играта „Fortnite“ растура: Во 2019 година заработи 1,8 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втора година по ред планетарно популарната видео игра „Fortnite“ буквално гази кога станува збор за годишен профит во светот на дигиталната продажба.

Минатата 2019 година оваа игра остварила заработка од 1.8 милијарди долари, што е за 25 проценти помалку од 2018 година, но сепак доволно за повторно да го добие првото место на листата за најголема заработка.

Главни конкуренти во минатата година за „Fortnite“ беа „FIFA 19„ и „Call of Duty: Modern Warfare“, кои во вкупната продажба (дигитална и физичка) ја престигнаа играта но во онлајн т.е. дигиталната продажба „Fortnite“ е сè уште на врвот на листата.

„Fortnite“ успеа да направи одличен систем во кој играчите ги претвора во потрошувачи, бидејќи козметичките измени во играта кои се доплаќаат станаа статусен симбол за играчите и тие се натпреваруваат чиј виртуелен изглед е подобар а за тоа секако трошат многу пари.