Иран се одмаздува за смртта на Солејмани: Ракетираше две американски бази во Ирак


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иран изврши напади со над десетина балистички ракети врз неколку цели лоцирани во Ирак, вклучително и две американски воени бази во се стационирани американски војници и коалициски сили, пренесува Пентагон. Станува збор за воените бази Аин Асад и Ербил.

Иранската исламистичка Револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите, соопшти иранската државна телевизија, наведувајќи дека тие биле одговор за убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани кој во минатата недела загина во американски воздушен напад.

Според иранската државна телевизија, ракетирањето било насочено кон две воздухопловни бази Аин ал Асад во близина на Багдад и на база во Ирбил на северот на Ирак. Американски воени официјални лица изјавија дека најмалку шест проектили ја погодиле Аин Асад, а нападот го потврди и портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави и видео снимки од нападот за чија автентичност засега нема потврда од CNN.

„Свесни сме за нападите на американските сили во Ирак. Претседателот Трамп е известен за ситуацијата која внимателно се следи и во тек се консултации со тимот за национална безбедност“, изјави Гришам.

Американските медиуми јавуваат дека во Белата куќа пристигнале и државниот секретар, Мајк Помпео и министерот за одбрана, Марк Еспер.

„На 7 јануари во 17.30 часот по американско време, Иран лансира десетина балистички ракети против американските и коалициските сили во Ирак. Јасно е дека проектилите доаѓаа од Иран и дека погодија најмалку две ирачки воени бази, Аин ал Асад и Ирбил, во кои е сместен американски и коалициски воен персонал“, е наведено во соопштението на Пентагон.

Иранската револуционерна гарда, пак, објави информации дека Пентагон се подготвува за одговор на нападите и порача дека „ќе возврати во Америка“. Но, истовремено се закани дека на напад на напад на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и на Хаифа во Израел во случај на бомбардирање на иранската територија.

„Ги предупредуваме сите американски сојузници кои ги отстапија своите бази за нивната терористичка војска дека секоја територија на напад врз Иран ќе биде наша мета“, стои во соопштението на Иранската револуционерна гарда што го пренесоа и државната телевизија и „Би-Би-Си“.

Ракетирањето на двете ирачки бази доаѓа по еден ден од размената на закани за одмазда меѓу САД и Иран. Воздухопловната база Аин ал Асад е најголема во провинцијата Анбар и според непотврдени информации во неа има околу 5.000 војници и голем број на авиони.