Шпанска пекара пушти во продажба торта со 10.000 долари сокриени во неа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пекара во шпанскиот град Ла Банеза периодов е најпосетуваното место во градот откако од страна на менаџерскиот тим од локалот беше соопштено дека во една од нивните торти пуштени во продажба се сокриени како награда 10.000 долари.

Се работи за традиционална награда, која оваа пекара ја практикува 11 години во низа. Прималивата сума е скриена во новогодишна овошна торта, позната меѓу Шпаниците како Роскас де рејес.

Минатогодишен добитник било 8-годишно болно девојче, кое тортата ја купило од болница преку интернет. Овој обичај, пекарата го почнала во 2008-ма година, кога во наградата изнесувала 500 евра и оттогаш сумата постојано се зголемува.