Ибракадабра во карате елемент: 500-тиот гол го постигна со „уширо гери“ удар


1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема - 15 ден ↓↓↓



Иако веќе и него (фудбалерските) години го газат, Златан Ибрахимовиќ не престанува да ја воодушевува фудбалската јавност и гледачите на трибините со своите фудбалски вештини и атрактивни потези.

Неговата најнова мајсторија ја изведе на дуелот помеѓу неговиот тим Л.А. Галакси и Торонто (Галакси загубија со 5:3), кога во 43-та минута, со карате удар „уширо гери“ Ибракадабра постигна прекрасен гол за намалување на резултатот. Аплауз за овој него погодок доби и од домашните навивачи на канадскиот тим. Ова, воедно, беше и неговиот јубилеен 500-ти гол во импресивната фудбалска кариера.