И свирче да е – од Тесла да е


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Извршниот директор на Тесла, има способност да продава необични предмети кои често немаат никаква поврзаност со основната дејност на технолошкиот гигант со кој раководи.

Последниот пример е „Cyberwhistle“, со цена од 50 долари, а станува збор за колекционерско свирче во форма на сајбер камионот на Тесла „Cybertruck“. Најинтересно е што свирчето е веднаш распродадено.

„Cyberwhistle“ е врвен колекционерски предмет, изработен од медицински нерѓосувачки челик и полиран финиш. Свирчето може и да се прицврсти што му дава дополнителна функционалност.

Тесла го планирала овој производ веќе некое време – слично на случајот со даската за сурфање на брендот Тесла, по цена од 1.500 долари.

„Cyberwhistle“ се распродаде само неколку часа по пуштање во продажба и се чини дека Тесла ќе продолжи со производството на овој предмет, според онлајн продавницата на компанијата.