И 25 години подоцна научниците не можат да го разјаснат овој спектакуларен гол на Роберто Карлос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред 24 години, Роберто Карлос го постигна најспектакуларниот гол кој тешко може и физиката да го објасни. Легендарниот Бразилец пред два месеци го прослави својот 48. роденден, а пред 24 години го постигна најпознатиот гол во неговата кариера.

За многумина Карлос е најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Роберто имаше интервју за „Марка“, а тема во интервјуто беше и овој негов легендарен гол.

„Хоџсон не ме играше на мојата позиција, ме форсираше напред во средниот ред. Не е дека не се согласувавме, но неговото мислење за мене не одговараше. Затоа од Морати побарав да си заминам, се преселив во Реал кај Фабио Капело и тоа дефинитивно беше мојот најдобар потег во кариерата“, се потсети Карлос.

За епскиот гол: „Немам поим како го постигнав тој гол. Многу вежбав изведување на слободни удари, останував подолго на тренинзите и тоа ми се исплатеше. Само ја шутнав топката и таа заврши во голот“, едноставно си призна Карлос.