Хорор со нови димензии: Најнов трејлер за мистериозниот филм „Тивко место“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновиот трејлер за мистериозното хорор филмско остварување A Quiet Place („Тивко место“) во кое главните улоги ги играат Џон Краински и Емили Блант е објавен на интернет.

Тие двајца играат улоги на родителски пар на две деца со кои живеат во изолирано место во шума, каде приоритет е да бидат тивки, бидејќи мистериозни суштества го ловат оној кој ќе испушти и најмал звук. Семејството комуницира со знаковен јазик, додека таткото звукот на нивните чекори го придушува со песок.

Сè што прават, мора да го прават во апсолутна тишина, за „нештото“ да не ги најде и убие.