Хамбургер од 3 килограми по цена од 800 евра во чест на новиот јапонски цар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По повод преземање на царската должност во мај од страна на новиот јапонски цар, елитен ресторан од луксузен хотел во Токио направи луксузен хамбургер кој на менито го нуди по цена од 800 евра.

Хамбургерот има дијаметар од 25 сантиметри и тежи три килограми. Во него има паштета од гуска, најскапо говедско месо и печурки тартуфи. Се служи во пециво попрскано со вистинско злато. Истиот е направен во чест на стапувањето на царската должност на новиот цар Нарухито, кој царската функција ја презема од 1 мај.

„Сакаме да го славиме новиот цар и новата ера во Јапонија.” рече шефот Патрик Шимада, кој го подготвува скапото јадење.

„Златниот џиновски бургер” ќе може да се проба до крајот на јуни. Секој што ќе сака да го вкуси, ќе треба да има вишок од 100.000 јапонски јени, цената по која истиот се продава за љубопитните гурмани.

Јапонската влада денеска објави дека името на новата ера од 1. мај ќе биде „Реива”, чии знаци обележуваат хармонија што носи надеж. Новата ера ќе почне со царот Нарухито, кој од 1. мај ќе го наскледи својот татко Акихито, кој абдицира поради старост.