Home Шоубизнис Личниот телефон од Џеф Безос бил мета на хакерски напад

Личниот телефон од Џеф Безос бил мета на хакерски напад

Хакерите извршија хакерски напад на личниот „смартфон“ од моментално најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос.. Тие упатија закани до основачот на „Amazon“ дека ќе ги објават личните фотографии и пораките од телефонот кои тој ги разменувал со неговата љубовница.

Безос на заканите не одговори со емоции , туку ја објави содржината на уцените и заканите од хакерите. Тоа се случи во февруари, а дури сега шефот на безбедносната служба на „Amazon“ објави како можело да бидат објавени податоци од телефонот на најбогатиот човек на светот. Зад протечените информации за љубовницата на Безос и нивните љубовни пораки, објавени во таблоидите, стојат хакери.

Станува збор за хакерски напад од група од Саудиска Арабија. Сè уште не се знае колку можеле да пребаруваат низ телефонот на Безос , ниту дали амнериканскиот магазин нешенел Енквајерер имал сознанија за тоа. Истрагата продолжува , а експертите од Амазон случајот му го препуштиле на ФБИ.

Се претпроставува дека Саудијците му го хакирале телефонот на Безос како одмазда за неговиот напис во Вашингтон Пост, каде ја обвинува оваа земја за бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …