Грчките медиуми го откриваат договорот – Северна Македонија, македонски јазик и македонски идентитет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчките медиуми објавија речиси интегрална верзија од договорот кој наводно е постигнат помеѓу официјалните највисоки политички претставници на Грција и Македонија, премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое наводно го договориле премиерите на двете држави, пишуваат грчките медиуми претпладнево. Атинскиот весник Еифемерида и Радиото 24/7 објавуваат детаљи од договорот кој меѓудругото предвидува и измена на македонскиот Устав.

Двете клучни прашања за македонската страна во преговорите, употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира. Од македонскиот Устав ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

– Се признава македонскиот јазик со фуснота дека се работи за словенски јазик.

– Во однос на државјанството ќе се користи терминот Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Извор: Дојче Веле, интегралниот текст можете да го прочитате ТУКА