Home Актуелно Гори околу Пехчево – локалното население има потреба од помош за гасење на огнената стихија (снимка)

Гори околу Пехчево – локалното население има потреба од помош за гасење на огнената стихија (снимка)

Голем пожар се шири околу Пехчево. Локален жител на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа како пожарот беснее околу градот и побара помош од граѓаните и надлежните.

„Моментално се случува ова во близина на Пехчево. Не можеме сами, ни треба помош”, апелираат локалните жители од Пехчево.

Состојбата според фотографиите можеме да забележиме дека е алармантна и дека надлежните треба да реагираат.

– Ова го остава пожарот зад себе. Моментално многу брзо се движи кон Археолошки локалитет Света Петка, велат локалните жители.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…