Славни

Дали оваа убавица е замената за Џенифер Лопез во животот на Алекс Родригез?

Алекс Родригез беше фотографиран во друштво на русокосата заводлива убавица Мелани Колинс на Ибица, за која се шпекулира дека е неговата нова девојка, а еве која навистина е оваа убавица.

Поранешниот бејзбол играч и поранешен свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез се забавува познатиот остров Ибица, каде што минатата недела беше снимен на романтична вечера со атрактивната спортска репортерка Мелани Колинс.

Странските медиуми веќе наголемо се распишаа за русокосата која го освои Родригез после раскинувањето со латино дивата Џенифер Лопез, а иако не ја потврдиле врската, Родригез не се одделува од неа.

Дали е во прашање вистинска љубов или само за да ѝ покаже на Џеј Ло, бидејќи, како што тврдат извори блиски до поранешниот бејзбол играч, сѐ уште не му е јасно како пејачката можела толку брзо да продолжи понатаму.

Исто така, тој беше фотографиран со Мелани за време на викендот и на неговата јахта во Сен Тропе, каде таа го привлече вниманието во сино бикини, а фотографиите ги објави „Дејли мејл“. Интересно е што во тој момент, Џенифер го славеше својот роденден на истата локација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Collins (@melanie_collins)

Колинс работи во телевизијата Си-Би-Ес, каде што е задолжена за следење на НФЛ лигата. Љубителите на американскиот фудбал ја обожаваат Мелани, а таа е и голема sвезда и на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Collins (@melanie_collins)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Collins (@melanie_collins)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Collins (@melanie_collins)

To Top