Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија кривични пријави против власта за ненавремено спречување на пожарите во кочанско


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ најавија поднесување кривични пријави против власта поради, како што велат, непостапување навремено за спречување на пожарот во Кочани.

-Тоа што пред два дена се случуваше во Кочани е показател на целата неодговорност на власта на Заев и нивната неспособност поради која под ризик беа доведени животите и имотите на граѓаните.

Со Заев и СДСМ на власт гледаме дека има тотална нефункционалност на системот. Надлежните ненавремено интервенираа и дозволија пожарот да се прошири до самиот град Кочани, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека хеликоптерите не биле искористени за гаснење на пожарот, туку за екскурзии на министерите.

– Додека власта правеше приватни забави и доцни седенки на Мечкин Камен од Кочани цел ден доаѓале апели и молби да им се помогне со воздухоплови за да се изгаси пожарот. Никој не реагирал. Кој ќе одговара за тоа? Истите тие хеликоптери кои не можеа да ги испратат во Кочани, претходно беа користени за екскурзии на министри низ Македонија. Посебна приказна за неспособноста на власта е нефункционирањето на авионите за гаснење на пожар. Овие авиони две години немаат сервис кој чини 400 илјади евра и затоа не се користат. Кој ќе сноси одговорност за тоа? Потрошија милиони за набавки на службени возила, шампањи, виски, вина, октоподи, а немаа пари да ги сервисираат авионите кои гаснат пожари. Срамно и бедно. Заради ова власта нема потреба веќе да дава одговори, туку треба да понесе одговорност. Оставките на одговорните функционери се единствениот вистински чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.