Горчливиот рекорд и солзите на Нејмар


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Елиминацијата од Светското првенство во Катар која Бразил ја доживеа од Хрватска тешко им падна на сите обожаватели на „Кариоките“, но најтешко на бразилските репрезентативци.

Нејмар со голот во продолженијата се изедначи со Пеле со 77 гола на врвот на листата најдобри стрелци на Бразил во историјата, но ѕвездата на ПСЖ не може да го слави тој рекорд кога неговата репрезентација беше принудена да се пакува за дома.